Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот, открива Стопанската комора
Во Стопанската комора презентирани резултатите од анкетата со приватниот бизнис сектор за прашања поврзани со корупција. Според анкетата, централната власт минатата година била најголем подмитувач на бизнисот...

Централната власт минатата година била најголем подмитувач на бизнисот, алармира Стопанската комора. Според податоците, на компании им биле барани пари, од 1.000 до 10.000 евра, а на некои фирми преку 100.000 евра за полесно да се заврши некоја работа, покажуваат податоците од најновото истражување. Од оние што не прифатиле коруптивно барање, 48% рекле дека имале последици врз бизнисот.
За 83,3% од компаниите корупцијата е еден од најголемите проблеми во земјата кои мора веднаш да се решат, а 96% веруваат дека може да има успех во борбата против корупцијата.
Анкетата спроведена лани, опфаќа 138 компании, од 48 дејности.
За да се помогне во надминување на овој проблем, Стопанската комора ќе потпише меморандум за соработка со Антикорупциска и ќе реализира обуки за компании за етичко однесување.
Борис Грујоски
