Струмица

Спасено 16-годишно девојче по пад во провалија над Струмица

25.06.2024 14:32

Спасено е 16-годишно девојче кое паднала во провалија покрај трим патеката над градот Струмица. Девојчето било на рекреативно трчање, а во акцијата на спасување учествувале полицајци, пожарникари и Брза помош...

16 годишно девојче е спасено синоќа откако паднало во дол, покрај трим патеката над Струмица. Инцидентот се случил во близина на манастирот „Св. Илија“. По падот девојчето се јавило на мајка си, која пак случајот го пријавиле на 112.

По добиената пријава и лоцирањето на местоположбата, ЦУК организирале акција за извлекување на девојчето од провалијата длабока 20-тина метри. Биле ангажирани полицајци, пожарникари, но и екипа од Брза помош.

Девојчето, кое се пожалило на повреди во главата, синоќа било префрлено во струмичката болница. Од таму денес соопштија дека здравствената состојба ѝ е стабилна.

 

Ване Трајков