Здравство

Чибишев директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, разрешени десетина економски директори

25.06.2024 17:32

Таравари разреши и десетина економски директори, меѓу нив и Бесија Иљази од Клиниката за токсикологија. Вели приоритет ќе биде и решавање на состојбата на Онкологија. Најави и нови вработувања во здравството.

Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити е нов директор на Неврологија, Андон Чибишев на Токсикологија, соопшти министерот за здравство. Таравари разреши и десетина економски директори, меѓу нив и Бесија Иљази од Клиниката за токсикологија. Вели приоритет ќе биде и решавање на состојбата на Онкологија. Најави и нови вработувања во здравството.

Многу скоро ќе предложам нов закон за здравствена заштита во којшто нема да има економски директори во сите установи. Кај што има, ако не се лажам повеќе од 100 вработени, така е законот, ќе предвидиме да има само професионален еден директор на клиника или болница или јавна здравствена установа, рече Таравари.

Се надева дека што побргу ќе бидат синхронизирани и систематизациите и ќе се донесе нова одлука за спојување на цел Клинички центар во иста установа.