Земјоделство

Трипуновски на средба со пелагониските земјоделци за откупната цена на пченицата

25.06.2024 18:17

Наследивме очајни состојби во ресорот, но сепак, со берзанските движења и расположивите мерки ќе се обидеме да помогнеме откупната цената на пченицата да на биде на работ на рентабилноста, порача Трипуновски.

Министерот за земјоделие и пелагониските земјоделци на тет- а- тет средба во пресрет на жетвата на пченицата. Наследивме очајни состојби во ресорот, но сепак, со берзанските движења и расположивите мерки ќе се обидеме да помогнеме откупната цената на пченицата да на биде на работ на рентабилноста, порача Трипуновски.

Трипуновски најави дека веќе има закажано средби во наредните денови со повеќе земјоделски здруженија, но и со млинарите и откупувачите на пченица во Република Македонија.

Јас наредниве денови закажав и низа на состаноци на тема откуп на пченица во Република Македонија, во текот на утрешниот ден имам договори средба со земјоделски здружение од другите делови на Република Македонија, на коишто исто ќе сакам да го слушнам нивното размислување, нивниот став и во четврток веќе имам договорено посебна средба со откупувачите, со млинарите коишто откупуваат пченица, да се обидам да ја сублимирам цела оваа ситуација, да извлечеме што е можно повеќе, денар плус за македонскиот земјоделец, којшто знаеме дека изминативе години претрпе многу штета од лошите политики.

Тој потенцираше дека власта ја преземаат на половина од годината и заради лошите политики и непланското водење на секторот земјоделство веќе е направена одредена штета која што ќе влијае на цената на пченицата за оваа реколта, но исто така и најави дека ќе се преземат сериозни чекори и планирања за идната жетва.