Свет
Не стивнуваат нападите меѓу Киев и Москва, Украина започна преговори за пристапување во ЕУ
25.06.2024 21:26
Претседателот Зеленски го разреши командантот на здружените сили. Европската унија официјално ги почнува пристапните преговори со Украина и Молдавија.

Не стивнуваат нападите врз Украина и битката со беспилотни летала меѓу Киев и Москва. И двете страни јавуваат за жртви и повредени.
Претседателот Зеленски го разреши командантот на здружените сили. Европската унија официјално ги почнува пристапните преговори со Украина и Молдавија.
Отворањето на преговорите го поздрави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Многу е добра вест што Европската унија денеска ги отвора пристапните преговори со Украина и Молдавија“, рече фон дер Лајен во видео пораката.
