Поддржани 54 проекти на вториот конкурс за креативните индустрии
На Конкурсот за креативни индустрии се подржани идеи од индустрискиот дизајн, манифестации со кој се промовира културниот туризам, природните убавини и се афирмираат традиционалните вредности на Македонија...
Вкупно 114 апликации на 105 индивидуални лица, граѓански здруженија и институции од областа на културата беа поднесени до Министерството за култура на вториот конкурс за креативните индустрии. Поддржани се 54 проекти на 49 корисници, соопшти на денешната прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Поддржани се проектите на четири национални и локални установи, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, Дом на културата–Делчево и Дом на културата Кратово и Музеј–Кратово. Поддржан е проектот за мапирање на креативните индустрии во Старата скопска чаршија, со посебен акцент на креативното занаетчиство, како и два комплексни проекти од поголем формат, Меѓународната школа за архитектура и дизајн во Охрид и конференцијата на Светската асоцијација на дизајн во Македонија (ИКОГРАДА).
Комисијата која ги разгледала пристигнатите проекти, составена е од проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, Роберт Јанкуловски, Андреј Бартлинг и Александар Ношпал.
