Субвенции за пчеларство
Пчеларите кои имаат најмалку 10 пчелни семејства имаа право на државна финансиска помош. Услов е пчелите да бидат чувани до 30-сети ноември годинава, а висината на субвенцијата изнесува по 600 денари за една кошница. За поголемите производители субвенцијата е 800 денари.

Пчеларите кои имаат најмалку 10 пчелни сандаци ќе можат да добијат субвенции од по 600 денари за едно пчелно семејство.
За земјоделските стопанства кои поседуваат над 50 презимени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 800 денари.
Тие треба да се регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство. Услов е задолжително одржување на овој број до 30 ноември 2024 година.
За одгледување на пчелни матици се предвидени 2.000 денари по кошница.
Пчеларите ќе имаат право и на субвенционирање на лабораториските анализи на медот.
Корисници се земјоделските стопанства од Регистерот на одгледувалишта на пчели имаат минимум 10 презимени пчелни семејства. Директните плаќања изнесува 50 проценти од трошоците за една направена лабораториска анализа во 2024-та.
Регистрирани одгледувалишта во населени места со надморска височина поголема од 700 метри, имаат право на зголемена субвенција од 15 проценти.
Методија Трајков
