Србија

Вучиќ и Курти на средба во Брисел

26.06.2024 09:05

Средбата се одржува во момент кога истекува мандатот на европските претставници кои речиси пет години се ангажирани во дијалогот меѓу Белград-Приштина.

Српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти на средба во Брисел како дел од дијалогот за нормализација на односите. Средбата се одржува во момент кога истекува мандатот на европските претставници кои речиси пет години се ангажирани во дијалогот меѓу Белград-Приштина.

Жозеп Борел ќе ја извршува функцијата шеф на европската дипломатија до есен. Мирослав Лајчак е назначен за амбасадор на Европската унија во Швајцарија, но ќе дејствува како посредник во дијалогот додека не се најде негова замена.

Се очекува лидерите на Србија и Косово да ја потврдат посветеноста на договорите постигнати минатата година во Брисел и Охрид.