САД

Асанж по судењето замина за родната Австралија

26.06.2024 09:16

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, е на слободна откако се изјасни за виновен за добивање и објавување на воени тајни на САД како резултат на договор со обвинителите на американското Министерство за правда...

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, е на слободна откако се изјасни за виновен за добивање и објавување на воени тајни на САД како резултат на договор со обвинителите на американското Министерство за правда. По судењето замина за родната Австралија бидејќи казната веќе му е отслужена во затворот во Лондон. 52-годишниот Австралиец се појави пред федералниот суд на САД на Северните Маријански Острови.

„Денес е историски ден. Конечно, по 14 години правни битки, Џулијан Асанж може да си оди дома како слободен човек. Сега може да се врати дома во Австралија и да се соедини со своето семејство. Тој поттикна важна дискусија во Соединетите Држави за тоа како да се балансира националната безбедност и слободата на печатот“, изјави Џенифер Робинсон, адвокат на Џулијан Асанж.

„Викиликс“ во 2010 година објави стотици илјади доверливи американски воени документи за војните на САД во Авганистан и Ирак.