кенија

Запалени делови од парламентот во Кенија, има загинати и повредени

26.06.2024 09:21

Полицијата отвори оган врз демонстрантите. Меѓу повредените е и сестрата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама...

Најмалку пет лица загинаа, десетици се повредени, а делови од зградата на парламентот во Кенија беа запалени додека пратениците го усвојуваа законот за зголемување на даноците.

Полицијата отвори оган врз демонстрантите. Меѓу повредените е и сестрата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама. Кенијците се противат на зголемувањето на даноците, а многумина бараат оставка од претседателот Вилијам Руто.

Кенија се бори со економската криза предизвикана од пандемијата на ковид-19, војната во Украина, две последователни години суша и девалвација на националната валута.