САД работат со меѓународните агенции за да го олеснат протокот на помош во Газа
Лидерот на Хамас вели дека нема договор за примирје и ослободување на заложниците доколку Израел не ги прекине сите операции во Појасот Газа. САД продолжуваат да работат со меѓународните агенции и партнери за да го олеснат протокот на помош во Газа, тврдат од Пентагон...

Лидерот на Хамас вели дека нема договор за примирје и ослободување на заложниците доколку Израел не ги прекине сите операции во Појасот Газа. Продолжува гранатирањето на пограничните области на Израел од позициите на Хезболах во Либан, поради што расте стравот од ширење на конфликтот во регионот. САД продолжуваат да работат со меѓународните агенции и партнери за да го олеснат протокот на помош во Газа, тврдат од Пентагон.
„Работиме со американската меѓународни агенција, како и со други меѓународни агенции и партнери за да го олесниме протокот на помош во Газа. Ќе продолжиме да работиме со хуманитарни организации, УСАИД и други регионални партнери за да се осигураме дека можеме да најдеме начин да ја добиеме таа помош“, изјави генерал-мајор Пат Рајдер, секретар за печат на Пентагон.
Министерот за одбрана Остин беше домаќин на израелскиот министер за одбрана Галант во обид за деескалација на тензиите долж границата со Израел и Либан и зголемување на хуманитарна помош во Газа.
