Руско - украински конфликт

Жестоки битки во неколку правци во Украина

26.06.2024 09:27

Жестоки битки во неколку правци. Киев и Москва објавија дека секоја страна ослободила по 90 воени затвореници...

Украинските власти тврдат дека се интензивира руската офанзива. Жестоки битки во неколку правци. Киев и Москва објавија дека секоја страна ослободила по 90 воени затвореници. Размената беше посредувана од Обединетите Арапски Емирати. Последната размена меѓу двете земји беше на 31 мај кога секоја страна размени по 75 заробеници.

Во меѓувреме, Европската унија ја одржа првата меѓувладина конференција на министерско ниво за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија.