Македонија
Мицкоски на почетокот на изградбата на новото ОУ „Свети Климент Охридски” во село Драчево
26.06.2024 09:49
На поставувањето на камен темелникот ќе присуствуваат и министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски...

Премиерот Мицкоски денеска ќе го означи почетокот на изградбата на новото ОУ „Свети Климент Охридски“, во село Драчево, Општина Кисела Вода, соопшти владината прес-служба.
На поставувањето на камен темелникот ќе присуствуваат и министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Новото училиште ќе биде со капацитет од 500 ученици, 19 училници, канцеларии и други придружни простории.
Предвидено е по настанот премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.
