Центарот за управување со кризи

ЦУК: 2.281 повици на 112 во последното деноноќие

26.06.2024 10:24

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2.281 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 57,34%, а 42,66% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2.281 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие.

Од нив „реални“ повици биле 57,34%, а 42,66% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 54,84%, кон Итната медицинска помош 19,62%, а кон пожарникарите 1,88% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 472 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (23,66%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (44,13%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Четири пожари вкупно имало на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгасени, што биле во општините: Прилеп, спроти касарната Прилеп (горела ниска вегетација); Струмица, на вливот на брана „Водоча“ (горела борова шума); Валандово, кај Анска Река, на месноста „Мичкин Мост“ (горела ниска вегетација) и во Општина Тетово, кај Млекара Тетово (каде што горел ниска вегетација).

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека на 112 се добиени пријави за настанати штети од невремето во непосредна близина на с. Кадрифаково. Поточно, од поројниот дожд и големата количина вода што надојде беше поплавен надвозникот кај с. Кадрифаково, при тоа на самиот регионален пат Штип – Свети Николе имаше насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок, а имаше и оштетување на патот од поројната вода. На лице место беа екипа од полицијата – ПС Свети Николе, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, а и од ЦУК – раководителот на РЦУК Свети Николе сè додека последиците од невремето беа веднаш расчистени.

На 112 е добиена и пријава од гром во Неготино, по што на улица „Пано Калајџиски“ и околината имаше прекин на електрична енергија. Екипите на „ЕВН Македонија“ веднаш реагираа на лице место и го отстранија дефектот.

Според УХМР, до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и на места град. Од ЦУК препорачуваат внимателност пред и за време на локалните метеоролошки нестабилности.