Дали повисоката цена на цигарите ќе придонесе за нивно откажување?!
Во Центрите за јавно здравје активно се спроведуваат советувалишта за одвикнување од цигари. Македонија е лидер во регионот- дури 37% од населението се пушачи, односно 740 илјади граѓани...
Цената на кутија цигари е повисока за 3 до 5 денари. Дали економскиот фактор ќе придонесе за откажување од цигарите? Граѓаните со поделени мислења колку цената ќе влијае на одвикнувањето од пушење.
„Нема да ги одврати... Никако... Поубаво е да се поскапат, отколку вака да бидат поевтини, многу млади пушат... Би требало, јас се одвикнав на времето...“, велат случајно анкетираните граѓани.
Во центрите за јавно здравје, советувалиштата се фокусирани најпрвин кон здравствените работници, а потоа и кон пациентите.
„Се бара нов мотив да не се користи тутунот. Тоа се добриот изглед, белите заби, прстите кои не се пожолтени“, вели прим. д-р Весна Спирова.
Македонецот пуши 121 кутија цигари годишно.
Во Центрите за јавно здравје активно се спроведуваат советувалишта за одвикнување од цигари. Македонија е лидер во регионот- дури 37% од населението се пушачи, односно 740 илјади граѓани.
Пушењето е социјално патолошка појава која предизвикува физичка и психичка зависност. Висок е бројот на негативните ефекти по здравјето на човекот.
„Постои тесна корелација со малигните заболувања. Не случајно првото советувалиште е отворено во институтот за белодробни заболувања“, изјави прим. д-р Персида Малинска.
Од 1 јули стапката на минималната акциза по цигара е зголемена за 0,15 денари. Оваа стапка ќе се зголемува за 0,20 денари во секоја година, за во 2023 година да има поскапување од 40 денари по кутија цигари.
Лука Андреев