ПССЕ: Целосно спроведување на Преспанскиот договор од двете страни
ЕУ и меѓународната заедница јасно да ги кажат последиците од непочитувањето на Договорот од Преспа и да се нагласи важноста од целосното спроведување на Преспанскиот договор, како од македонската, така и од грчката страна, смета Поткомисијата за Западен Балкан на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), со која претседава поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Европската унија и меѓународната заедница треба јасно да ги стават на знаење последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Северна Македонија, истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на Поткомисијата за Западен Балкан на ПССЕ.
Според информациите од Грција, фокусот бил ставен на важноста на Договорот од Преспа за мирот, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан.
Почитувањето на Преспанскиот договор се најде и во хемисиколот на ПССЕ, интервенираше во насока на политичките последици за изборите во Македонија во однос на почитувањето на договорот од Преспа и односите со Бугарија.
„Мислам дека треба да испратиме многу јасна порака, бараме од новата влада на Македонија да ги почитува меѓународните обврски што беа потпишани во претходната влада; вистински да се исполни Договорот од Преспа, да не се доведе во прашање Договорот за името на Северна Македонија, кој е решен, и да не се прекине дијалогот со Бугарија за да се реши и состојбата на малцинството Бугари во Македонија“, порача италијанскиот парламентарец од редовите на социјалистите, Пјеро Фасини.
За жал, на оваа летна сесија, кога се зборуваше за изборите во Македонија, кога на дневниот ред се наоѓа изборот на нов генерален секретар не е присутна македонската собраниска делегација, која сè уште не е изгласана во Собранието.
ПССЕ за нов генерален секретар на најстарата паневропска организација го избра швајцарецот Ален Берсет. Тој беше во швајцарската влада од 2012 до 2023 година.
Тони Гламчевски
