Премиерот Ердоган ќе се кандидира за претседател на Турција

01.07.2014 15:52

Кандидатурата на Ердоган официјално ќе се соопшти денеска на церемонија во Конгресниот центар на Анкарската трговска комора...

Турските телевизиски канали НТВ и Си-Ен-Ен-Турк соопштија дека Премиерот Реџеп Таип Ердоган ќе биде кандидатот на владеачката Партија на правдата и развојот на претседателските избори во Турција во август.
 
Кандидатурата на Ердоган официјално ќе се соопшти денеска на церемонија во Конгресниот центар на Анкарската трговска комора.
 
На церемонијата ќе присуствуваат 4000 лица – поранешни и актуелни пратеници на АКП, министри, градоначалници, окружни претседатели на партијата и претставници на локални партиски организации, како и приближно 250 турски и странски новинари.
 
Соња Стојановска