Слободниот пазар ќе ги намали сметките за струја на компаниите за 14 милиони евра
Експертите велат дека најзаинтересирани за либерализација се токму компаниите што трошат многу струја во процесот на производство...

Математиката вели дека фирмите што во втората фаза на либерализација излегле на слободен пазар, годишно ќе плаќаат 14 милиони евра помалку за потрошената електрична енергија.
Експертите велат дека најзаинтересирани за либерализација се токму компаниите што трошат многу струја во процесот на производство. За жал, 25 до 35% од домаќинствата во регионот трошат струја за затоплување на становите, што им создава проблеми за енергетските компании.
Следен чекор во либерализацијата е излегувањето на слободен пазар на 70 илјади мали фирми кои сега според тарифниот систем имаат многу висока цена на струјата.
Свето Николовски
