Македонија

Град Скопје: Назначени нови директори на ЈСП, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта

26.06.2024 17:07

Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции.

Со новата реконструкција на позиции во градските претпријатија се назначени нови директори и тоа на ЈСП Драги Кушовски, ЈП Паркови и зеленило Мартин Ангеловски и на ЈП Улици и патишта Ванчо Умленски, информираат од Град Скопје.

Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции. Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите, стои во соопштението.