Сијарто: Унгарија ќе го забрза проширувањето на ЕУ на Западен Балкан
Унгарија ќе се стреми и ќе почне конкретни преговори со новата, силно про-интеграциска ориентирана влада на Северна Македонија, посочи Сијарто на денешната конференцијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека за време на претседавањето на Унгарија со ЕУ ќе се забрза проширувањето на Унијата на Западен Балкан и најави одржување на меѓувладини преговори со сите пет земји кандидатки од регионот.
Унгарија ќе се стреми и ќе почне конкретни преговори со новата, силно про-интеграциска ориентирана влада на Северна Македонија, посочи Сијарто на денешната конференцијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз.
Тој наведе дека со Србија ќе се отворат нови поглавја од претпристапните преговори, додека со Црна Гора се планира да се затворат барем седум поглавја. Додека со Албанија се предвидува да се отворат првите поглавја, а со Босна и Херцеговина да се усвои преговарачката рамка.
