Екипа на брзата помош наместо на интервенција, заглави во лифт
Пет лица, екипа на брзата помош, заврши на скопските клиники. За време на интервенција во Кисела вода се заглавиле во лифт и паднале од вториот кат во подрум. Речиси еден час повредени чекале помош. За среќа немало пациент со нив. Сите инспектори денеска беа на терен. Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат…

Екипа на Итната медицинска помош наместо на интервенција заврши во подрум, откако качувајќи се нагоре од втори кат лифтот паднал долу. Педесетина минути чекале да бидат спасени. Четворицата од медицинскиот персонал и граѓанин којшто ги повикал да утврдат дали неговиот роднина е починат од природна или насилна смрт, утрово биле дел од немилиот настан во една од кулите во скопската населба Кисела Вода.
За разлика од екипата на брзата помош, денеска среќа имала една од станарките која живее на четврти кат, во моментот кога излегла од него, се качила медицинската екипа.
Кога стигнавме на терен екипите на МВР извршија увид на место на настанот. Утре се очекува да бидат познати причините за падот на лифтот.
Наташа Јанчиќ-Менковски
