Галант: Односите меѓу Израел и САД не се нарушени и покрај несогласувањата
Израел и САД остануваат обединети и покрај нивните разлики, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во средата во Вашингтон...

Израел и САД остануваат обединети и покрај нивните разлики, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во средата во Вашингтон, каде што разговараше со неговиот американски колега Лојд Остин и други членови на американската администрација. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант тврди дека е постигнат значителен напредок во однос на американската испорака на бомби. Од Вашингтон наведуваат дека паузата во испораката се уште е на сила.
Обединетите Нации предупредуваат на катастрофалниот глад со кој се соочуваат децата во Газа. Според организациите, бројот на Палестинци убиени за време на војната во енклавата од 7-ми октомври се искачи на над 37.700.
