Јужнокорејската војска негира дека успешно е лансирана ракета со повеќе боеви глави
Јужнокорејската војска се спротивстави на објавата на Северна Кореја за тврдењата дека успешно е лансирана ракета со повеќе боеви глави...

Јужнокорејската војска ги негира објавите на Северна Кореја за тврдењата дека успешно е лансирана ракета со повеќе боеви глави. Исто така се спротивставија на постојаното испраќање балони со смет преку границата.
„Ракетата што Северна Кореја ја лансираше вчера експлодираше во раната фаза од нејзиниот лет. Северна Кореја објави контрадикторна приказна претходно и мислиме дека има за цел да измами и преувеличува“, изјави Ли Сунг Џун, портпарол на Здружениот штаб.
Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемија изминатиот период. Сеул и Вашингтон одржаа воени вежби, на што Пјонгјанг се противи и изведе неколку ракетни тестови.
