Пропадна обидот за државен удар во Боливија
Боливискиот претседател Луис Арсе го разреши и уапси шефот на боливиските вооружени сили, генералот Хуан Хозе Зунига...

Пропадна обидот за државен удар во Боливија. Боливискиот претседател Луис Арсе го разреши и уапси шефот на боливиските вооружени сили, генералот Хуан Хозе Зунига. Претходно, армијата под команда на Зуниг донесе оклопни возила и војници на централниот градски плоштад во Ла Паз во обид да изврши насилно преземање на власта.
Откако генералот беше уапсен, обвинителството отвори истрага, а во наредните денови ќе се знае дали станува збор за изолиран инцидент. Регионалните и меѓународните челници повикаа на почитување на демократијата и легитимно избраните власти. Тензиите се зголемуваат во Боливија пред националните избори следната година.
