МВР
Приведен криминалец баран со потерница
27.06.2024 10:11
Полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во с. Морани, општина Студеничани го лишија од слобода И.А. (49) од с. Морани...

Денеска, околу 4 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во с. Морани, општина Студеничани го лишија од слобода И.А. (49) од с. Морани, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд-Скопје за затворска казна во траење од една година и шест месеци., информираат од МВР.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
