Сообраќај

МВР: 82 санкционирани возачи во Скопје

27.06.2024 12:02

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информираат од МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 82 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, четири мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, три мерки за некористење на сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, се наведува во соопштението.