Утревечер се отвора јубилејното 10-то издание на Битола Шекспир фестивалот
Како увод во битолското културно лето утревечер се отвора 10-тото јубилејно издание на Битола Шекспир Фестивалот. На петте фестивалски вечери под мотото „Месечината јасно свети, во ноќ како оваа „ќе бидат одиграни три домашни и три странски претстави на големиот Вилијам Шекспир.

Утревечер на сцената на битолскиот народен театар се подига завесата на 10-ото издание на Битола Шекспир фестивалот. На отворањето е претставата „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу и режија на Андреј Жолдак копродукциски проект на велешкиот театар и драмскиот театар Масалтинов од Пловдив.
Домаќините кој одиграле најповеќе Шекспир фестивали домашните штици што живот значат и годинава најавуваат звучни претстави Мото, кое е извлечено од познатиот цитат на Бен Џонсон, велат организаторите.
На сите пет фестивалски вечери ќе провејува и придружна програма на која ќе настапат позната бендови и диџеи.
Стевче Митревски
