Европска унија

Дводневен самит на лидерите на ЕУ во Брисел

27.06.2024 13:45

Се очекува шефовите на држави и влади на земјите-членки да донесат одлука за распределба на водечките позиции во европските институции по изборите за Европскиот парламент...

Дводневен самит на лидерите на ЕУ во Брисел. Се очекува шефовите на држави и влади на земјите-членки да донесат одлука за распределба на водечките позиции во европските институции по изборите за Европскиот парламент.

Актуелната претседателка на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, се очекува да биде назначена за втор мандат. Поранешен португалски премиер, Антонио Коста ќе биде претседател на Европскиот совет, а премиерката на Естонија, Каја Калас, треба да биде шеф на европската дипломатија.

За време на самитот, лидерите на ЕУ ќе разговараат и за војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и прашањата за безбедноста и одбраната.