Несреќа
Повредените лекари од лифтот на домашно лекување
27.06.2024 13:50
Четворицата лекари од брзата помош, кои беа повредени кога лифтот паднал од приземје во подрум, во зграда во скопска кисела вода, се на домашно лекување...

Четворицата лекари од брзата помош, кои беа повредени кога лифтот паднал од приземје во подрум, во зграда во скопска кисела вода, се на домашно лекување. Трудовиот инспекторат сè уште ги истражува причините за несреќата. До неа дошло откако пет лица, четири лекари и член на потесното семејство на пациентот каде што оделе се качиле во мал лифт, предвиден за две до три лица. На лифтот тоа не било означено, ова го истакнале граѓаните од зградата при спасувачката акција.
