Енергетика

Од 1-ви јули поскапа струја за 0,4 отсто за 88 проценти од домаќинствата

27.06.2024 14:22

Првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски, го објави покачувањето на цената на струјата од први јули, кое благодарение на измените во Законот за енергетика ќе биде многу мало...

Првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски, го објави покачувањето на цената на струјата од 1-ви јули, кое благодарение на измените во Законот за енергетика ќе биде многу мало.

За 88 проценти од домаќинствата покачувањето е за 0,4 отсто, за 8 отсто од домаќинствата кои трошат во третиот блок покачувањето е за 0,48 проценти а домаќинствата кои трошат струја и во четвртиот блок од први јули ќе плаќаат 0,57 проценти поскапа електрична енергија.

Евтината струја ќе се покачи за 0,65 отсто.