Единицата за брзо распоредување подмладена
Новите припадници на ЕБР се дел 300-те полициски службеницишто беа примени на претпоследниот оглас...

113 приправници во редовите на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) ја минаа шестмесечната обука. Ги совладаа боречките вештини, справувањето со нарушен јавен ред и мир и со други задачи со кои се соочува единицата. Пред полицискиот врв ги изведоа завршните показни вежби.
Новите припадници на ЕБР се дел 300-те полициски службеницишто беа примени на претпоследниот оглас.
„Демонстрираа високо ниво на подготвеност, способност на користење на средствата за работа и почитување на човековите слободи и права, односно постапување во согласност со позитивните пропаси во Република Македонија“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
И новиот женски вод ги презентираше своите способности. Ја покажаа вежбата за работа со тонфа.
Тактиките за воспоставување на нарушен јавен ред и мир од поголем обем, присилно запирање на возило и апсење опасно лице и технички боречки вештини беа дел од вежбите што ги презентираа.
Промовирани беа и новите возила за справување со нарушен јавен ред и мир. Овие возила користат водни топови.
Наташа Гркова-Петрушевска
.
