Средба

Мицкоски- Гир: Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ

27.06.2024 16:17

Мицкоски ја истакнал важноста на поддршката од Европската унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности.

Тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на државата кон интеграцијата во Европската унија, во фокус на денешната средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и евроамбасадорот Дејвид Гир која се одржа во Владата.

Мицкоски ја истакнал важноста на поддршката од Европската унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности.

Амбасадорот Гир ја потврди посветеноста на Европската унија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес, стои во соопштението од владината прес- служба.