Македонија

Железници Инфраструктура ги демантираат информациите на министерот за транспорт

27.06.2024 19:03

Според јавното претпријатие, финансиската конструкција не се однесува само на цена по километар пруга, туку на пет компоненти од проектот.

Од Јавното препријатие Железници Инфраструктура ги демантираат информациите кои ги објави вчера министерот за транспорт Николоски, и според нив претставуваат манипулација или непознавање на проблематиката.

Според јавното претпријатие, финансиската конструкција не се однесува само на цена по километар пруга, туку на пет компоненти од проектот.

Од таму објаснуваат дека финансиската конструкција утврдена од меѓународните консултанти за овој проект е составена од грант кој е досега најголем и заеми од ЕИБ и ЕБОР кои минатата година се изгласани од страна на 90 пратеници..