Влада

Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

27.06.2024 19:32

Со овој проект, како што соопштуваат од владината прес- служба, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година...

Премиерот Мицкоски оствари работна средба со министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите.

Со овој проект, како што соопштуваат од владината прес- служба, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.

Ваквото изборно ветување кое доби своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, која ќе се одржи во петок. Новата Влада останува посветена на исполнувањето на своите ветувања и продолжува да работи со посветеност за добробит на сите граѓани, стои во соопштението.