Повисоки пензии во фокус на првата владина седница
Денеска прва седница на новата Влада...

Денеска прва седница на новата Влада. Меѓу другото, на маса и одлуката за линеарно покачување на пензиите. Премиерот Мицкоски вчера имаше работна средба со министерката за финансии Димитриевска-Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, која била финализирана конструкцијата на проектот за линеарно зголемување на пензиите од 5 илјади денари. Повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии, почнувајќи од септември за 2.500 денари. Вториот дел ќе биде исплатен во март идната година.
Владата подготвува ребаланс на буџетот за да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Пензионерите инсистираат до крајот на годината да биде исплатен вториот дел. Идната недела ќе решаваат за натамошните нивни чекори.
