Лидерите на ЕУ се договорија за четирите клучни функции
Шефовите на држави и влади на земјите-членки во Брисел постигнаа согласност за распределба на четирите водечки позиции во европските институции по изборите за Европскиот парламент...

Шефовите на држави и влади на земјите-членки во Брисел постигнаа согласност за распределба на четирите водечки позиции во европските институции по изборите за Европскиот парламент.
Поранешниот португалски премиер Антонио Кошта е избран за нов претседател на Европскиот совет, а актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен доби уште еден 5-годишен мандат на функцијата, а естонската премиерка Каја Калас е назначена за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
„Благодарност до лидерите кои ја поддржаа мојата номинација за втор мандат како претседател на Европската комисија. Сега ќе барам потврда од Европскиот парламент за моето именување откако ќе ги презентирам моите политички насоки за следните пет години“, изјави Урсула фон дер Лајен.
За време на самитот, лидерите на ЕУ разговараат и за војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и прашањата за безбедноста и одбраната
