Генерал-потполковник Ѓурчиновски во посета на НАТО корпусот за брзо распоредување во Солун
За време на престојот, Ѓурчиновски ќе оствари средба со командантот на НАТО корпусот, генерал-потполковник Атанасиос Гаринис, по што делегацијата ќе има работен состанок со клучниот штабен персонал на НАТО корпусот...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе ја посети командата на НАТО корпусот за брзо распоредување со седиште во Солун.
За време на престојот, Ѓурчиновски ќе оствари средба со командантот на НАТО корпусот, генерал-потполковник Атанасиос Гаринис, по што делегацијата ќе има работен состанок со клучниот штабен персонал на НАТО корпусот.
На состанокот меѓу генералите Ѓурчиновски и Гаринис, како што е најавено, ќе се разговара за досегашната воена соработка и можностите и облиците за понатамошни заеднички активности со НАТО корпусот.
