Од синоќешното невреме во Скопје, најпогодени жителите на Волково
Поплавени улици, дворови, откорнати дрвја, олуци, кабли и делови од фасади, последиците од невремето Волково и Даме. Тетово и Куманово повторно настрадаа од силата на природата. Циклонот полека ја напушта Македонија, стабилизација викендов...

Поплавени улици, дворови, наноси на песок, откорнати дрвја, олуци, кабли и делови од фасади, се последиците од невремето што ги зафати скопските населби Волково и Даме Груев.
Жителите велат дека дрвјата паднале и направиле штета, а требало да бидат отстранети уште пред години.
Силното невреме освен во скопската котлина, предизвика материјална штета и прекин на електричната енергија и во тетовско, Битола и во Гостивар.
Од УХМР велат, циклонот полека ја напушта Македонија, викендот се очекува стабилизација на времето.
Ирина Гелевска
