Промовирана брошура за ендометријален карцином
На Клиниката за гинекологија и акушерство промовирана првата европска брошура за ендометријален карцином. Лекарите велат клучно е раното дијагностицирање, но потребни се скрининг-методи за превенција...

Новите истражувања даваат ветувачки резултати, порака од промоцијата на првата европска брошура за жени со ендометријален канцер. Оваа најраспространета гинеколошко малигна болест во Европа најчесто ги напаѓа повозрасните жени кои се во менопауза, но има и исклучоци.
Перспективата на пациентките кои болеста ја откриваат во првиот или втор стадиум е позитивна, но тоа не е случај со оние што ја откриваат подоцна, во третиот или четврт стадиум.
На скопската Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, годишно се третираат од 130 до 150 пациентки. За овој тип на карцином засега нема превентивен преглед кој што навремено може да ја детектира болеста, затоа треба да се внимава на симптомите.
Брошурата освен во печатена, достапна е и во електронска форма на интернет страната на Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања Фемина М.
Марија Котовска
