Економија

Не се очекуваат ценовни шокови по минималното зголемување на цената на струјата

28.06.2024 14:40

Со минималното зголемување на цената на струјата од 0,4 проценти не се очекуваат ценовни шокови, иако, според граѓаните, будно треба да се следат цените на производите, а Владата ако треба да интервенира...

Не се очекуваат ценовни шокови, ама будно ќе се следи ситуацијата. Ова е ставот на прилепските стопанственици и на граѓаните по, како што е речено, минималното зголемување на цената на струјата од 0,4 проценти, пред сè, за домаќинствата.

Кај стопанствениците, во прашање се помалите производители кој кои може да влијае зголемувањето, зашто големите струјата ја купуваат на берза.

И граѓаните не очекуваат шокови за семејниот буџет, освен оние со најниски пензии, а владата треба да реагира доколку цените на производите се зголемуваат.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение се пофали дека нема ценовен шок за граѓаните.

Владата предложи, се вели, парламентарното мнозинство го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што се спречи зголемување на цената на струјата од 1-ви јули.

 

Елизабета Митреска