МНР
Средба Муцунски - Вал
28.06.2024 15:40
Како што соопштуваат од МНР, на средбата беше потврдена континуираната и долгогодишна соработка со ОБСЕ во различни области опфатени со мандатот на Мисијата.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес се сретна со Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,.
Како што соопштуваат од МНР, на средбата беше потврдена континуираната и долгогодишна соработка со ОБСЕ во различни области опфатени со мандатот на Мисијата.
Соговорниците разменија мислење за актуелните аспекти од работењето на Мисијата на ОБСЕ и во таа насока заеднички беше реафирмирана определбата за продолжување на активностите и натамошно фокусирање на проектите во поддршка на реформските процеси на новата Влада, стои во соопштението.
