Петровска бара одложување на изборите за претседател на СДСМ
Петровска посочи дека до неа стигнале многу информации од членови и од општински организации за сериозни неправилности околу избирачките списоци. Вели регистрацијата на членството не се вршела лично...

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска бара одложување на изборите за претседател на партијата закажани за во недела. Бара формирање привремено раководство кое дополнително ќе ги закаже внатрепартиските избори кога ќе се создадат услови за тоа.
Петровска посочи дека до неа стигнале многу информации од членови и од општински организации за сериозни неправилности околу избирачките списоци. Вели регистрацијата на членството не се вршела лично од самите членови, а од некои од противкандидатите биле злоупотребени личните податоци на дел од членовите на партијата.
СДСМ целосно е подготвен за демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата кои ќе се одржат во недела-уверува Викторија Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија.
Избирачкиот список којшто ќе се најде на избирачките места во недела ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ. Ќе се гласа 77 избирачки места.
Марина Стојанова-Тонева
