Средба Николоски- Агелер
На средбата, како што стои во соопштението, се разговараше за реформските процеси и стратешките приорити на Владата и Министерството за транспорт.

Заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер.
На средбата, како што стои во соопштението, се разговараше за реформските процеси и стратешките приорити на Владата и Министерството за транспорт.
Николоски ја истакнал огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција.
Тој изрази уверување дека предвидените проекти од владината програма ќе ги реализира заради забрзан економски раст и развој на инфраструктурата во државата.
Министерот Николоски ја потенцира стратешката определба која е во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји. САД се наш најзначаен партнер и поддржувач.
На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во областа на капитални инвестиции и инфраструктурни решенија.
Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката, стои во соопштението од Министерството за транспорт.
