Преполовен бројот на Македонци во Албанија, за прв пат во малцинствата се појавуваат Бугари
Пописот во Албанија се спроведуваше минатата есен, а македонското малцинство се пожали на закани од бугарски здруженија кои барале Македонците да се попишат како Бугари.

Се преполовил бројот на Македонци по ланскиот попис во Албанија. Според податоците на тамошниот Институт за статистика објавени денеска, како Македонци се изјасниле 2.281 или двојно помалку во споредба со пописот во 2011-та година кога биле евидентирани околу 5.500.
За првпат, во малцинствата се појавуваат и Бугари. Дури 0,3 отсто од попишаните или над 7.000 се изјасниле дека припаѓаат на бугарската етничка заедница. Зголемувањето на Бугари за сметка на Македонците според претседателот на единствената македонска партија е пописен геноцид одобрен од Албанија.
Пописот во Албанија се спроведуваше минатата есен, а македонското малцинство се пожали на закани од бугарски здруженија кои барале Македонците да се попишат како Бугари.
Во резултатите од пописот, единствено за Македонците не е напишана припадност на етничка заедница. Наместо Македонци, во графата е напишано Северна Македонија.
Фото: Македонци од Пустец, Албанија/ Архива на МРТ
