Сезонското овошје во Македонија најевтино во регионот

02.07.2014 10:23

На зелените пазари средината на јуни вообичаено е со богата понуда на сезонско овошје. Праските и кајсиите се најзастапени на тезгите, а македонските цени се најниски во регионот...

Богата понуда на овошје во јуни на зелените пазари. Најмногу се продаваат праските и кајсиите. Праските со просечната цена од 35 денари за килограм што е поевтинување од 9 проценти од лани. Кајсиите,пак, се продаваа по 75 денари или поскапо за 19 отсто. 

Се зголемува и понудата на лубениците и дињите. Цената на лубениците се движи од 25 до 50, а лани се продавале за 29 денари или за 37 проценти повеќе. Поскапување има и кај дињите. Од 57 минатата сезона на 64 денари за килограм годинава.

Македонските цени се најниски во регионов. Праските во Србија се продавале за 50, во Црна Гора за 77, а во Хрватска 128 денари, додека кајсиите од 80 до 150 денари за килограм.

 

Методија Трајков