Агенција за разузнавање

Муслиу: Претседателката попушти пред партиските притисоци

28.06.2024 20:36

Тој вели дека нема да навлегува во политичката логика и автономија при носењето на ваквата одлука од страна на шефицата на државата, но, како што пишува во реакцијата, во случајот со неговото разрешување отсуствуваат законската оправданост и мерит-системот, за кој, како што вели, Сиљановска Давкова постојано зборувала во јавноста.

„Очигледно е дека претседателката попушти пред партиските притисоци“, реагира досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, по одлуката на претседателката Сиљановска Давкова да го разреши од функцијата на која е веќе втор мандат.

Тој вели дека нема да навлегува во политичката логика и автономија при носењето на ваквата одлука од страна на шефицата на државата, но, како што пишува во реакцијата, во случајот со неговото разрешување отсуствуваат законската оправданост и мерит-системот, за кој, како што вели, Сиљановска Давкова постојано зборувала во јавноста.

„Посебно сум разочаран од постапката и начинот кој го избра при моето разрешување, не покажувајќи доблест да се сретнеме на прва информативна средба на која би добила брифинг за природата на работата на Агенцијата и за безбедносното опкружување и актуелната состојба во регионот“, е наведено во писмената реакција на Муслиу.

Додава дека со гордост и посебна чест ја раководел Агенцијата во изминатиот период во кој вложил натчовечки напори да го подигне нивото на квалитетна работа и да го пренесе професионалното искуство и знаење стекнато во неговата 31 годишна кариера.

На местото на Муслиу е назначена Габриела Јаковлева, која, според соопштението од Кабинетот на претседателката, доаѓа од редовите на Агенцијата.