Временска прогноза
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
29.06.2024 08:16
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени и UV=8.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
