Хрватска

Муцунски на Дубровник форум 2024

29.06.2024 08:33

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во работна посета на Република Хрватска...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во работна посета на Република Хрватска, каде што на покана на министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман ќе учествува на Дубровник форум 2024.

Министерот Муцунски ќе има обраќање на панелот „Западен Балкан: Отворање на реформскиот потенцијал”.

На маргините на форумот, министерот ќе оствари и бројни билатерални средби со свои колеги од повеќе земји.