Брисел
Земјите-членки во Брисел се договорија за распределба на водечките позиции во европските институции
29.06.2024 09:41
Шефовите на држави и влади на земјите-членки во Брисел се договорија за распределба на водечките позиции во европските институции по изборите за Европскиот парламент.

Шефовите на држави и влади на земјите-членки во Брисел се договорија за распределба на водечките позиции во европските институции по изборите за Европскиот парламент.
Поранешниот португалски премиер Антонио Кошта е избран за нов претседател на Европскиот совет, а актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен доби уште еден 5-годишен мандат на функцијата, а естонската премиерка Каја Калас е назначена за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
