Вода

Денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците од населбите Жданец, Трнодол и Нерези

29.06.2024 09:00

Поради дефект на приклучна водоводна цевка на улица Жданец 2 на самата кривина, денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците од населбите Жданец, Трнодол и Нерези...

Поради дефект на приклучна водоводна цевка на улица Жданец 2 на самата кривина, денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците од населбите Жданец, Трнодол и Нерези.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето за овие скопски населби е прекинато од 9:20 часот до завршување на работните активности.

Поради уличен дефект на водоводна цевка на улица 3 бб во Батинци, со прекинато водоснабдување денеска се и корисниците од Батинци. Водоснабдувањето за овие корисници е прекинато од 8 часот утрово, а ќе трае до завршување на работните активности, наведуваат од Јавното претпријатие.